АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „7 МИ ЈУЛИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „7 МИ ЈУЛИ“

Продолжуваат инфраструктурните активности во општина Битола. Како дел од проектот за реконструкција на улицата „7 ми јули“, денес започна асфалтирањето на улицата во должина од 322 метри. Асфалтирањето се врши во два слоја, а вкупната вредност на проектот, изнесува 5.865.518 денари. Со дореализацијата на започнатите градежни активности, проектот за реконструкција на 23 улици, кој го најави градоначалникот Коњановски, на почетокот на градежната сезона, влегува во завршна фаза.