АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ ДЕКОРПОД

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ ДЕКОРПОД

Согласно планот и програмата на општина Битола во присуство на заменик градоначалникот Бојан Бојкоски денес се поставуваше асфалт на паркингот кај Декорпод, а со тоа се завршува проектот „Изградба на паркинг простор со инфраструктура во УЕ 5 Декорпод “.
Вкупната асфалтирана површина зафаќа 2000м2, а со тоа се овозможува паркинг простор од отворен тип со капацитет од 56 паркинг места, во склоп на проектот се изработка на, пристапни патеки со рампи и скали до влезовите на зградата Декорпод и тротоари во ширина од 2м изработени со бехатон.
Проектот опфаќа 3 фази на работни активности, одводнување и со тоа се решава проблемот со атмосферските води, коловоз и осветлување.Просторот исто така ќе биде и хортикултурно уреден.
Вкупната инвестиција на општина Битола за овој проект изнесува 7.855.666 денари.