АСИМПТОМАТСКИТЕ СЛУЧАИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛНO ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

АСИМПТОМАТСКИТЕ СЛУЧАИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛНO ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес одржа состанок со дел од Општинскиот кризен штаб, претставен преку директорите на Центар за јавно здравје, Здравствен дом – Битола и Клиничка болница Битола. На состанокот беше разгледан моменталниот тек на состојбите со коронавирусот во Битола, но и постоењето на евентуална опасност од појава на нови случаи.

Загрижувачки се асимптоматските случаи, како што е последниот случај во Битола, кој немал клиничка слика на КОВИД 19.

Овој случај треба да претставува причина за зголемување на совесноста кај секој од нас, а досегашното одржување на состојбата со коронавирусот во Битола, како стабилна и под контрола,  треба да ни биде поттик и пример за натамошното однесување.

Битола засега е во стабилните општини во однос на КОВИД-19 и така треба да остане, но тоа зависи од сите нас.

Градоначалничката препорачува  да се почитуваат сите постоечки мерки и граѓаните да не се однесуваат несоодветно и недоговорно, поради полабавите мерки донесени од страна на Владата.

Токму заради појавата на асимптоматските случаи, апелираме на носење заштитни маски, одржување социјална дистанца и редовно одржување на хигиена.

Обврска на секој од нас е: Совесно и одговорно однесување – пред се!