Градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска денес оствари средба со Амбасадорот на Израел за Македонија Н.Е Дан Оријан и неговиот економски советник Марија Герас Дочовска. На средбата во градоначалничкиот кабинет, меѓудругото посебен акцент беше ставен на проектот за ревитализација на Еврејските гробишта во Битола. „Она за што сме заинтересирани и двете страни се Еврејските гробишта во Битола. Разговаравме за тоа што во досегашниот период е направено од страна на Израел и Здружението АРХАМ, меѓутоа и за она што во Општина Битола во идниот период треба и може да го преземе во рамките на ингеренциите, почитувајќи ги сите законски одредби, како овој процес на реставрација на Еврејските гробишта и Меморијален парк би биле меѓудругото поткрепени и со Општина Битола. Очекувам во следниот период сите активности да се случуваат со многу побрза динамика и во рамките на ингеренциите на Градоначалникот, како и на Советот, се разбира со законска поддршка од одделенијата во администрацијата, се во насока да отвориме една слика од историјата и да искажеме почит кон сите луѓе кои се погребани на тој дел на територијата на нашата општина, меѓутоа и да покажеме одговорност кон идните генерации во отворање на перспективите на нашиот град за поголема посетеност на многу луѓе од различни светски дестинации, за да со откривањето на историјата, остават траги со своето присуство во сегашноста, во нашиот град, изјави градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска. Амбасадорот Дан Оријан истакна големо задоволство од денешната средба нагласувајќи дека очекува понатамошната соработка да даде голем бенефит за Битола, но пред се и за зачувување на големото историско наследство кое се однесува на Евреите, а е поврзано со Битола. „Многу сум задоволен што на 11 Март, овде во Битола ќе се реализира Маршот на живите, на кој се договоривме да ни се придружи и градоначалничката и да го води Маршот заедно со некои од Вашите министри и дел од нашите министри кои ќе дојдат од Израел, големи делегации од претставници од бизнис секторот, млади луѓе и многу други. Тоа е вистински начин да покажеме дека се сеќаваме на минатото, дека имаме соработка помеѓу Израел и Македонија, особено со Битола, со која очекувам дека ќе имаме вистинско партнерство и заедничка соработка во повеќе области, почнувајќи од земјоделие, културно историско наследство….итн во сите сфери во општественото живеење, изјави Амбасадорот Дан Оријан при денешната посета на Општина Битола. Годинава за првпат, во рамките на четвртата седмицата на Израелски филм во Република Македонија и во Битола се презентираат два израелски филмови.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор