Н.Е м-р Ренате Коблер – Амбасадор на Република Австрија во Република Македонија денес ја посети Општина Битола, каде што имаше средба со градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска. На средбата се разговараше на повеќе теми, а беа разгледани и идните можности за соработка во повеќе области. „Посебно ме израдува тоа што во Битола е втората официјална посета после завршувањето на локалните избори. Разговаравме околу сите полиња и можности за соработка. Се донесе заедничка констатација, дека суштински важна е соработката во полето на културата, исто така, разговаравме за тоа што би можеле да направиме за сплотување на образовни институции од нашата општина и образовни институции од Австрија, кои би биле формите на соработка, што би значело на некој начин зближување на нашите култури, особено кај учениците, кај оние што се нашата иднина. Разговаравме и за проблемите со кои се соочува и нашиот град и повеќе градови во Република Македонија, а се на тема загадување, како и за можноста за соработка на експертски нивоа кои што би значеле отворање на видици за решавање на тие горливи проблеми за нашето население, за државата, за сите општини каде што се детектираат како суштински проблеми. Ова покажува дека кога ги отворате вистинските проблеми и за нив разговарате, навистина постои реална можност да дојдете до нивно решавање. Затоа, задоволна сум што ја имавме оваа посета, со исчекување дека во иднина ќе имаме навистина суштински ефекти од истата“, изјави градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска. На средбата, посебно беа акцентирани областите во кои веќе се планирани конкретни активности, а се однесуваат пред се на културата, образованието, социјалната работа и животната средина. „Секогаш ми е голема радост да ја посетувам Битола, а посебно денес да и честитам на новата градоначалничка. Задоволство ми беше да се потсетиме на досегашната соработка, но и да разговараме за идни соработки. Посебна желба имаме да донесам повеќе „know how“ во областа на животната средина, социјалната работа, како и образованието и во тој поглед би сакала да реализирам доста активности. Во втората половина од 2018 година, Република Австрија го презема претседавањето со Европската унија и би сакала, во втората половина од 2018 година, тежиштето да го ставам токму во Битола. Бидејќи имаме традиционално присуство во Битола, уште од поранешно време во градот на конзулите и заедно со Почесниот конзул на Република Австрија сакаме да потсетиме на тој период и во втората половина на 2018, во периодот есен – зима да организираме заеднички Симпозиум, за што поканивме научници да учествуваат со нивни апстракти, односно трудови и многу се радувам што во разговорот имаше и доста спонтани идеи, за кои ќе разгледаме, како сите тие ќе ги реализираме“, изјави Н.Е м-р Ренате Коблер – Амбасадор на Република Австрија во Република Македонија. Посетата на амбасадорката на Битола продолжи во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, каде беше предадена овогодишната донација на книги за Австриската библиотека во Битола. Книгите со кои ќе се збогати библиотечниот фонд на Австриската библиотека во Битола се: литература од австриски писатели, германско јазични писатели, методски прирачници за наставници по германски јазик, учебници и работни тетратки во издание на Австрискиот фонд за интеграција (Österreichischer Intergrationsfonds), лексикони за австриската книжевност и стручна литература од областа на информатиката по барање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола (ФИКТ).
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор