АМБАСАДОРКАТА НА ШВЕДСКА ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

АМБАСАДОРКАТА НА ШВЕДСКА ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски денес имаше средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон.

На средбата, градоначалникот ја информираше амбасадорката за приоритетите на делување на локалната самоуправа, а се разговараше и за идните можности за соработка на општината со програмите кои ги овозможува амбасадата, како и за потребата од брзо евроинтегрирање на државата со цел создавање подобри можности и перспективи за граѓаните.

Градоначалникот Коњановски и амбасадорката Форсгрен Бенгтсон, после средбата во кабинетот, присуствуваа на настанот кој се одржа на Плоштадот Магнолија, a на кој беше претставена играта „Electionville“, која потекнува од Шведска, а се игра во повеќе земји низ светот, со цел вклучување на младите и збогатување на нивното знаење во врска со функционирањето на демократскиот процес и локалното владеење.

Настанот во Битола беше организиран од страна на Амбасадата на Шведска во партнерство со Младинскиот културен центар, а на истиот зедоа учество 17 ученици од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.