АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Во работна посета на Општина Битола престојуваше амбасадорот на Австрија во земјава, н.е. д-р Георг Вуцас, кој оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.

На средбата, двајцата соговорници искажаа задоволство од средбата, која е прва официјална на амбасадорот Вуцас, откако е на должност во Република Северна Македонија.

Градоначалничката Петровска се осврна на постигнатите цели во изминатиот период, на реализираните проекти и на соработката која што општината ја има со претставници од Австрија на културен и економски план.

Амбасадорот Вуцас особено покажа интерес за заштитата на културното наследство со кое располага Битола, истакна задоволство од културното живеење во градот, како и за реализираните проекти кои што општината ги оствари самостојно, преку европските проекти, или со поддршка на централната власт.