Во Битола, по трет пат во големата сала на Центар за култура, се одржа фестивалот на македонски песни „Непокор“ во продукција на Сашко Савевски.
Целиот настан е така конципиран да македонската музика претставува завет, заложба за да се чува, негува, афирмира и промовира македонската музика на нашите простори, а и пошироко.
На фестивалот беа изведени македонски песни, кадешто Ансамблот Билјана од Охрид се претстави со песната За Христо Узунов, а младата талентирана Мартина Костова – солист во Н.У Танец од Скопје, прекрасно ја отпеа народната Трби, трби Гевгелија.
Фестивалот беше во рамките на овогодинешниот БИТ ФЕСТ 2015