СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАФАТИ, ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТОАЛЕТИТЕ ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАФАТИ, ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТОАЛЕТИТЕ ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

Реализацијата на проектот за комплетна реконструкција на санитарните јазли и реновирање на тоалетите во ОУ „Елпида Караманди“, се одвива согласно предвидената динамика. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес изврши увид на реконструктивните зафати на тоалетите во училиштето, каде покрај санацијата на шесте вертикални санитарни чворови, дополнително се врши и санација на вертикалата на канализационата мрежа која ги поврзува сите нив. Исто така, ќе се изврши замена и на старите и нефункционални приклучоци. Со овие градежни зафати, се решава еден од најгорливите проблеми на училиштето и значително се подобруваат хигиенските услови во оваа образовна институција.

Вредноста на овој проект изнесува околу 2 милиони денари и истиот е дел од од проектот „Соодветни хигиенски услови за здрави генерации“, во чии рамки, Општина Битола во изминатиот период санираше голем дел од тоалетите и санитарните чворови не само во училиштата, туку и во објектите под надлежност на локалната самоуправа.