СЕ РЕАЛИЗИРА ИНВЕСТИЦИЈА НАД 2.900.000 ЕВРА ЗА ТРИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ ЗА СТАРИ ЛИЦА

СЕ РЕАЛИЗИРА ИНВЕСТИЦИЈА НАД 2.900.000 ЕВРА ЗА ТРИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Со цел зголемување на веќе постојните капацитети за згрижување на стари и изнемоштени лица, на просторот на поранешната касарна во Битола,  во тек е изградба на три сместувачки капацитети за стари лица. Вкупната инвестиција изнесува 2.900.000 евра, а ќе обезбеди сместување на 210 лица и вработување на над 80 лица, медицински, помошен и друг персонал согласно планот за работа на инвеститорите.

Инвеститорот на првиот сместувачки капацитет за стари лица, чија градба е во напредна фаза, претставува и успешен пример за женско претприемништво. Овој објект вклучува изградба на приземје, два ката и поткровје и истиот зафаќа површина од 2500 метри квадратни. Градоначалничката Петровска денес се сретна со инвеститорите, со кои разговараше за напредокот и идните планови, како и за понатамошната нивна соработка со локалната самоуправа.

Поддршката која ја дава Општина Битола за инвеститорите е дел од програмскиот концепт на градоначалничката Наташа Петровска и создавање услови во општината за сите граѓани. Според предвиденото, се врши стимулирање на лицата кои ќе пројават интерес за вложување во изградба на Дом за стари и изнемоштени лица и вработување на дополнителен стручен персонал во старските домови.