РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. На средбата се разговараше за состојбата во земјоделството со посебен акцент на Пелагонискиот регион, како и за понатамошните мерки и активности кои ќе бидат преземени во интерес на земјоделците.