Литературна манифестација Современи дијалози во Магаза
Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво кој работи во состав на Македонското научно друштво- Битола во рамките на десеттото јубилејно битолско културно лето БИТ ФЕСТ, во Магазата ја одржа традиционалната манифестација „Современи дијалози“ на кои беа доделени годинешните награди и признанија на истакнати личности кои директно придонесуваат во развојот на литературата и културата на национално ниво, а беше промовирано и најновото издание на истоименото списание Современи дијалози.
Чест да ја отвори манифестацијата имаше претседателот на МНД Игор Неделковски.
На овогодинешната манифестација беа доделени наградите: животно дело за висок уметнички придонес во македонската литература е награден писателот Радован Ц. Петковски, награда за достигнување во поезијата му беше доделена на поетот Панде Манојлов, а за успешно менаџирање на НУУБ Св.Климент Охридски – Битола беше награден директорот Науме Георгиовски. За придонес во книжевноста и беше доделена на професорката по македонски јазик Милица Димитријовска – Радевска, награда за придонес во драмската уметност му беше доделена на актерот Петар Горко, а награда за директен придонес и афирмација на македонската литература и култура му беа доделени на МИА, Марјан Танушевски.