Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес, во придружба на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески ги пушти во употреба тениските игралишта со еден единечен и еден двоен терен за тенис, кои се во склоп на Спортско-рекреативниот центар „ Шеталиште“ во Битола.
Исто така, Премиерот изврши увид на активностите кои се одвиваат на патот Битола-Ресен.