ПРЕДИЗВИЦИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ ЛИДЕРИ ВО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ ЛИДЕРИ ВО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО

Во духот на меѓународниот ден на жените 8-ми Март, школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА во организација на Центарот за европски развој и интеграција од Битола ја реализираше дванаестетта сесија, насловена: Предизвиците за жените лидери во македонското општество. На сесијата присуствуваше Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која пред учесниците ја образложи позицијата на жените лидери во македонското општество и сите предизвици со кои жената лидер се соочува, како и решенијата за успешно надминување на овие предизвици.
Учесниците на сесијата имаа можност да чујат за кариерниот развој на градоначалничката Петровска, низ нејзиниот говор, исполнет меѓудругото и со поуки од нејзиното животно и професионално искуство, кои беа значајни и практично применливи.
Во вториот дел од сесијата учесниците на четвртата генерација и алумните на школата имаа можност да и поставуваат прашања на градоначалничката и да разговараат на теми кои ги интересираат младите. На големиот интерес на учесниците, градоначалничката Петровска возврати со отворени и искрени одговори на сите прашања од аспект на сите нејзини улоги како градоначалник, лидер, граѓанин и жена.