ПОСЛЕДНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ. „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

ПОСЛЕДНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ. „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во тек е последната фаза од комплетната инфраструктурна реконструкција на улицата „Климент Охридски“, на потегот од ул. „Партизанска“ до ул. „Солунска“.

По завршувањето на подземните активности, каде што КЈП „Нискоградба“ ја реконструираше канализационата мрежа, а ЈП „Водовод“ изврши промена на старите азбестно-цементни цевки во водоводната мрежа со нови полипропиленски цевки, следува последната фаза од реконструкцијата.

Во моментов на терен се одвива подготовка и тампонирање на коловозот на првата делница од улицата, по што ќе следува и асфалтирањето. Градежните активности се одвиваат согласно утврдената динамика, со што од сите страни ќе се испочитуваат предвидените рокови за работа.

Реконструкцијата на ул. „Климент Охридски“ во Битола е во должина од 450 м. Изведбата на канализационата мрежа чини околу 2,5 милиони денари, за изведбата на водоводната мрежа се потрошени околу 2 милиони денари, а за коловозот 5 милиони денари, средства на Општина Битола.