ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ЧЕТВРТТИ НОЕМВРИ

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ЧЕТВРТТИ НОЕМВРИ

По повод Денот на ослободувањето на Битола, Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, претставници на Советот на општината, Сојузот на борци, Делегации од збратимените градови, претставници на политичките партии и други граѓани, положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ.„Ја користам оваа можност да го честитам 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола – ден кој што е запишан со златни букви во историјата на нашиот град, ден кој ќе се памети со генерации, а всушност е последица на многу други генерации претходно. Сите ја знаеме големата историска приказна, но пред се, денеска сме должни да дадеме почит на сите жртви, на сите млади животи, чие делување е темел на она она што денес го имаме – на независна, суверена Република Македонија. Во таа смисла, општина Битола ја дава должната почит кон сето она што значи историја, што значи ден кој мора да потсетува и да опоменува на едни тешки периоди низ кој што минувал нашиот македонски народ и се разбира, да биде поука за сите наши денешни генерации. Денеска е ден кој што го славиме. Нека ни е честит празникот, за многу години, со надеж дека ќе бидеме обединети на сите празници кои што значат заедничка придобивка на сите наши граѓани“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC