ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАЛА ПРЕСПА

ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАЛА ПРЕСПА

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска во својот кабинет оствари средба со Ефтим Митревски, активист за човекови права од Мала Преспа, Република Албанија и претставник на македонското малцинство во комитетот за национални малцинства во албанската влада.

Целта на оваа средба беше запознавање на градоначалничката Петровска со сотојбата на Македонците во Мала Преспа и идна можна соработка, пред се во однос на печатењето на весникот „Мала Преспа“, кој се издава на Македонски јазик во Албанија.

Градоначалничката Петровска доби покана да учествува  на симпозиумот за македонскиот писател Стерјо Спасе, кој се смета за еден од најзначајните претставници на современата албанска литература и е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.