Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст, која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод Водици.
Никола Свенчев кој имаше среќа да го извади крстот од осветените води на црковниот базен од градоначалникот доби парична награда од 10.000 денари и икона од заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.