ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ЗАСАДИ СВОЕ ДРВЦЕ ВО АЛЕЈАТА НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ЗАСАДИ СВОЕ ДРВЦЕ ВО АЛЕЈАТА НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Актерот Петар Мирчевски, на кого синоќа му беше врачена наградата за животно дело 4 Ноември, денес ја продолжи традицијата на засадување дрвце во Алејата на добитниците на награди за животно дело во Градскиот парк во Битола.

Градоначалниччката Наташа Петровска истакна дека оваа традиција веќе е препознатлив белег на градот, затоа што четврта година по ред, добитниците засадуваат свое дрво, а нивните имиња остануваат трајно врежани во сеќавањата на битолчани.

Актерот Мирчевски посака како што ќе се развива засаденото дрвце, така да се развива и градот и зеленилото во него.