ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ „МАКЕДОНСКИ ГЕМИЏИИ“ И „БУЛЕВАР 1 МАЈ“

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ „МАКЕДОНСКИ ГЕМИЏИИ“ И „БУЛЕВАР 1 МАЈ“

Денес започнаа работните активности на улицата „Македонски гемиџии“, каде се врши уредување на пешачка патека на површина од 425 м2. Станува збор за доста фреквентен простор, каде со уредувањето и функционалното сообраќајно поврзување ќе се зголеми безбедноста за пешаците и жителите од повеќе населби кои гравитираат кон овој дел на градот, меѓу кои населбите Карпош, Кланица, Јенимаале, како и движењето кон воспитно образовните институции од овој дел, како што се: детската градинка “Вангел Мајоро“ и ОУ Коле Канински.

Паралелно партерно се уредува и дел од улица „Булевар 1 ви Мај“, на површина од 230 метри квадратни.

Вкупната површина, на која општина Битола, врши партерно уредување и уредување на тротоар патеката изнесува 655 метри квадратни.