Во кугланата во Битола, се одржа осмомартовски турнир во куглање, на кој учествуваа поголем дел од кугларките од Македонија. Убедливо најдобри на турнирот беа битолските кугларки, а првото место го освои Андреа Вељаноска од Битола.
На турнирот, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им ги врачи наградите на првопласираните три кугларки, посакувајќи им многу нови успеси во понатамошниот период.
Турнирот кој се одржа во пресрет на 8 март – Меѓународниот ден на жената, има за цел да даде поттик за родова еднаквост во повеќе спортови, меѓу кои и во куглањето.