На иницијатива на Секретаријатот на Енергетската заедница, 10 градови од Балканот денес, во рамките на Првиот форум за енергетската заедница, потпишаа Декларација за чисти региони.
Единствен потписник на Декларацијата од Република Северна Македонија е Општина Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, говорејќи на настанот, се заблагодари на можноста општината да биде потписник на оваа декларација, која што е важна за понатамошното делување во оваа сфера. Петровска истакна дека општината има направено значајни чекори за унапредување на чистотата во регионот, а со ваквиот вид на размена на искуства на градовите потписнички, сите имаат можност да преземат заеднички конкретни активноси во оваа насока.