Општина Битола ќе биде дел од втората фаза од Програмата Ромактед која официјално започна на 1 јануари 2021 година и ќе се спроведува во период од четири години. Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, оствари средба со Ѓултен Мустафова, проектен раководител во Совет на Европа, Мерсиха Усеин, Focal Point за проектот и Елвис Мемети, национална контакт точка за Роми во Владата на РСМ како партнери на програмата.
Програмата во земјава се реализира во 15 општини, додека пак на регионално ниво опфаќа 70 општни од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.
Програмата е финансирана од ЕУ и Совет на Европа а имплементирана од Совет на Европа.