ОДИГРАНИ ОФИЦИЈАЛНИ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ КУГЛАРСКИ СОСТАВИ НА МАКЕДОНИЈА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

ОДИГРАНИ ОФИЦИЈАЛНИ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ КУГЛАРСКИ СОСТАВИ НА МАКЕДОНИЈА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во битолската куглана, во спортската сала „Боро Чурлевски“, се одиграа два натпревари помеѓу машката и женската најдобра кугларска селекција на Македонија и Босна и Херцеговина. Станува збор за официјални меѓународни пријателски натпревари регистирани во Светската кугларска федерација (WNBA NBC). Ова е прв пат во Битола да се организира ваков настан, а благодарение на меѓународната лиценца која кугланата ја доби неодамна, во иднина ќе можат да се организираат вакви натпревари со меѓународен префикс.

Натпреварите ги отвори Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, НЕ Драган Јаќимовиќ, кој куглал на кугланата во Бања Лука, така што со своите кугларски вештини пријатно ги изненади присутните.

Од страна на претседателот на Кугларската Федерација на Македонија – Игор Михајловски беше доделена благодарница на градоначалникот на општина Битола,Тони Коњановски, за поддршката која општината ја дава за кугларскиот спорт.