ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОМИРУВАЊЕТО, ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОМИРУВАЊЕТО, ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

Во Битола, денес се одбележа Денот на помирувањето по Првата светска војна и француско – германското зближување, традиционално на Француските гробишта.

Заеднички, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и германската амбасадорка Петра Дрекслер, положија свежо цвеќе, со што симболично застанаа на патот на подадената рака, пријателството и блискоста.

Свежо цвеќе положија и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на советот на општина Битола Габриела Илиевска, претставници на дипломатскиот кор, Армијата на Република Македонија и други делегации.

Како дел од комеморативните настани за одбележување на помирувањето и француско – германското зближување, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во неговиот кабинет.

На средбата, беше нагласено, дека токму ваквите настани на сеќавање и споменување, се насочени кон градење на подобра заедничка иднина.

Како веќе докажани партнери, верувам дека ќе реализираме уште многу заеднички соработки, проекти, културни настани , истакна на средбата градоначалникот Коњановски.

Амбасадорката на Германија Петра Дрекслер, нагласи декa потврда за одличната соработка е и една од најголемите германски фабрики, Кромберг и Шуберт, која во општина Битола, беше отворена во 2013 година, а денес брои над 6000 вработени.