ОБЈАВЕН ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 15 СТИПЕНДИИ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ОД СКОПЈЕ

ОБЈАВЕН ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 15 СТИПЕНДИИ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ОД СКОПЈЕ

Општина Битола во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје доделува 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година. Јавниот конкурс е објавен денес, а пријавата и потребните документи, кандидатите треба да ги достават најдоцна до 31.08.2022 година.

Право на стипендија имаат заинтересираните кои ги исполнуваат потребните услови наведени во јавниот конкурс и ќе достават комплетна документација, согласно конкурсот објавен на веб страната на општина Битола на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-oglas-stipendii/.

Изборот на кандидатите ќе го врши Комисија која ќе биде формирана од страна на Општина Битола.

Предност во доделувањето стипендии ќе имаат заинтересираните со одличен успех, кандидати од социјално загрозени семејства, деца без родители и ранливи категории.

Општина Битола го задржува правото доколку е потребно во текот на постапката да побара и други документи за донесување на правилна одлука.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен најдоцна до 16.09.2022 година, на официјалната страна на Општина Битола.

Општина Битола ќе достави список до Универзитетот со избраните кандидат, а сите формалности околу уписот и потребната документација ќе бидат обврска на студентот.