Објава во закуп 1-2017

Објава во закуп 1-2017

ОБЈАВА бр.1/2017

За давање на киосци на поставени автобуски стојалишта како дел од урбаната опрема на Општина Битола во закуп со електронско јавно наддавање

бр. 12-65/2017 од 01.06.2017 год.

 

Комисијата за располагање на недвижи и движни ствари на Општина Битола врз основа на член 36, 37, 38, 39, и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на Република Македонија бр.78/15,106/15,153/15 и 190/16), Програмата за поставување на урбана опрема-киосци за подрачјето на Општина Битола за 2016 и 2017 година, бр.09-116/5 од 14.11.2016 година, донесена од страна на Советот на Општина Битола (Службен гласник на Општина Битола 15/2016) и согласно Извештајот за извршена проценка  од овластениот проценител „Завод за вештачење“ ДООЕЛ Скопје  бр. ОД П VI 77/2017 до П VI 86/2017 од 2017 година, објавува давање на киосци  во закуп на поставени автобуски стојалишта како дел од урбаната опрема на Општина Битола согласно табеларниот преглед :

                                        Ред.

бр.

     Адреса на киосците       КП, ИЛ и КО

и намена на киосците

Површина

      М2

Почетна цена на јавното наддавање во денари Банкарска гаранција од 2% изразена вредност во денари
   1. Киоск поставен на ул.„Васко Карангелевски“ микролокација 16-Веро 2 КП бр.19423, ИЛ бр.2, КО Битола 3, прибележан во Г9.з.      2,25     625,00       12,50
   2. Киоск поставен на ул.„Васко Карангелевски“ микролокација 17-Веро 2 КП бр.19423, ИЛ бр.2, КО Битола 3, прибележан во Г9.з.      2,25     625,00      12,50
   3. Киоск поставен на ул.„Партизанска“ микролокација 22-Касарна КП бр.19424/1, ИЛ бр.1, КО Битола 1и2, прибележан во Г9.з.      2,25      625,00      12,50
   4. Киоск поставен на ул.„Партизанска“ микролокација 23-Касарна КП бр.19424/1, ИЛ бр.1, КО Битола 1и2, прибележан во Г9.з.      2,25      625,00      12,50
   5. Киоск поставен на ул.„Партизанска“ микролокација 24-Ракометно игралиште КП бр.19424/1, ИЛ бр.1, КО Битола 1и2, прибележан во Г9.з.      2,25      625,00      12,50
   6. Киоск поставен на Бул.„1ви Мај“ микролокација 36-Црн Мост КП бр.19335/1, ИЛ бр.93649, КО Битола 3, прибележан воГ9.з.      2,25      625,00      12,50
   7. Киоск поставен на ул.„Довлеџик “ микролокација 42-Кампинг КП бр.19326/1, ИЛ бр.1, КО Битола 1и2, прибележан во Г9.з.      2,25      590,00      11,80
   8. Киоск поставен на ул.„Дарвинова“ микролокација 43-Дисконт КП бр.5666, ИЛ бр.1, КО Битола 1и2, прибележан во Г9.3.      2,25      555,00      11,10
   9. Киоск поставен на ул.„Кумровец“ микролокација 57-Буковска населба 1 КП бр.18910/1, ИЛ бр.27072, КО Битола 1и2, прибележан во Г9.з.      2,25      486,00      10,00


ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање се киосци на поставени автобуски стојалишта како дел од урбаната опрема на Општина Битола, прикажани во табеларниот преглед, и се издаваат во закуп за времeтраење од една година од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои  што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

              Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделена заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира и достави на страната www.e-stvari.com.mk., како и сметка на која треба да се врати банкарската гараниција за сериозност доколку не биде избран за најповолен понудувач. Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата во рок од (3) три дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Документи потребни за пријава за јавно електронско наддавање се следните :

Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата .

Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави и до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Битола на денот кога се доставува комплетната документацијата.

Доказ за идентитет.

Тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија.

Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање  на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива  електронското јавно  наддавање.

Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат. Објавата  трае шеснаесет (16) дена почнувајќи од 01.06.2017 год. до 16.07.2017 год. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk Јавното електронско наддавање ќе започне на ден 19.06.2017 година (понеделник), со почеток во 11,30 часот и ќе трае до 12,00 часот.                                                                                                       

ПОЧЕТНА ЦЕНА

             Почетните цени на месечната закупнина за секоја позиција од објавата се дадени во табеларниот преглед.

 БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

             Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на првата месечна закупнина постигната на јавното наддавање.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

             Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 16.07.2017 год. до 16,00 часот.

ПОСТАПКА

             Јавното електронско наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за месечна закупнина на киосците и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Доколку во првите пет (5) минути од  јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот од јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на киосците без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил само еден учесник кој што ги исполнува условите  од објавата и ја наддаде почетната цена.

Јавното електронско наддавање се смета дека е завршено во моментот од истекот на времето определено во објавата.

Доколку во истекот на последните две минути од определеното време на траењето на јавното електронско наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, тогаш крајниот рок за завршувањето на јавното електронско наддавање се продолжува за уште две (2) минути, а ќе заврши кога за време од следните две (2) минути нема да биде дадена нова понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две (2) минути биде дадена нова понуда.

За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој што понудил последна цена за закупнината која што претставува највисока цена за закупот.

По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката на јавното наддавање е должен да ги уплати средства на Трезорска сметка 100-0000000630-95, Банка на примачот НБРМ, уплатна сметка 840-103-06553, приходна шифра 723914 програма 00, во согласност со постигнатата крајна цена за месечната закупнина а доколку не ги уплати во овој рок  нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од пет работни денови по извршената уплата на месечната закупнина се склучува договор за закуп за киосците во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.

Нотарските трошоци се обврска на закупопримачот.

Учесниците имаат право на приговор  само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три (3) дена од одржувањето на јавното наддавање  до Комисијата која  одлучува по приговорот со решение  во рок од пет (5) дена од приемот на приговорот.

 

ПРАВНА ПОУКА                                                                                                                            

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Детални информации врзани за објавата  можат да се добијат во општината и на телефоните : 047/208-313 и 047/208-324.

 

 

ИСПРАВКА ПО ОБЈАВА 1/2017

 

            Се врши исправка по Објава 1/2017 бр.12-65/2017 од 01.06.2017 година, на Општина Битола за давање на киосци на поставени автобуски стојалишта како дел од урбаната опрема на Општина Битола во закуп со електронско јавно наддавање, објавена во дневните весници „Вечер“, „Нова Македонија“ и „Лајм Македонија“ од 01.06.2017 година.

Исправката се врши во делот на ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ, после зборовите : „ …со најповолниот понудувач“ се додаваат зборовите : „ , со можност за продолжување на уште четири години.“

Во делот УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ, зборовите „16.07.2017 година“ се заменуваат со „16.06.2016 година“.

Во делот РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ, зборовите најдоцна до 16.07.2016 година се заменуваат со „најдоцна до 16.06.2017 год.“.

Се друго во Објавата 1/2017 за давање на киосци поставени на автобуски стојалишта како дел од урбаната опрема на Општина Битола во закуп со електронско јавно наддавање останува како што е наведено во истата од 01.06.2017 година.

Оваа исправка ќе биде објавена и на web страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk

КОМИСИЈА ЗА РАСПОЛАГАЊЕ НА НЕДВИЖНИ И ДВИЖНИ СТВАРИ НА ОПШТИНА БИТОЛА