ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПО ПОВОД 4-ТИ НОЕМВРИ

ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПО ПОВОД 4-ТИ НОЕМВРИ

По повод „4-ти Ноември“, денес, градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески одржа прес конференција, на која им го честита Денот на ослободувањето на Битола на сите граѓани на Битола и информираше за настаните околу прославата на денот на градот кои започнаа во петокот на 30 октомври и ќе траат неколку дена завршувајќи со свеченото доделување на наградата „4-ти Ноември“ на самиот ден.

„ Оваа прилика ја користам пред се да го честитам големиот празник на сите наши граѓани во Општина Битола, да посакам добро здравје, работа и успеси“ изјави градоначалникот Талески.

Во ова обраќање градоначалникот исто така информираше и за тоа што е сработено во општината Битола, односно кои проекти се реализирани и се во тек на реализација во сите области на општественото живеење. Како на најприоритетни за реализација во наредниот период градоначалникот стави акцент на понатамошни инвестиции во инфраструктурата, зголемување на бројот на инвестиции во ИЗ „Жабени“, како и реализација на други проекти за подобрување на животната средина, образованието, спортот и културата во Битола.

Obrakjanje4-tiNoemvri