НА БИТ ФЕСТ ПРОМОВИРАН ИГРАНО –ДОКУМЕНТАРНИОТ СЕРИЈАЛ „ГРАДБИТЕ НА БИТОЛА“

НА БИТ ФЕСТ ПРОМОВИРАН ИГРАНО –ДОКУМЕНТАРНИОТ СЕРИЈАЛ „ГРАДБИТЕ НА БИТОЛА“

Уште една вечер на БИТ ФЕСТ исполнета со многу историски и едукативни содржини од богатата ризница на културно – историското минато на прекрасната Битола. Ноќ исполнета со дружба со минатото, но многу повеќе со денешнината, но низ призмата на вековите. Затоа што овој град не е е од вчера, ниту од ден пред тоа. Бројките го плетеле секој изминат ден, за денеска исто или можеби слично како во минатото нашата Битола да биде привлечно место и за оние кои минувале, престојувале, а и за сите оние кои останале да живеат во неа. „Градбите на Битола“ е новиот играно – документарен серијал кој раскажува многу историски значајни приказни, започнувајќи од еден од старите и многу значајни архитектонски објекти на Битола и тој како и многу други споменици на културата, серијалот ја раскажува приказната за Саат кулата, за Хераклеја, за Џепането, за Црквата Свети Великомаченик Димитриј, за Исак џамија, за Католичката црква, за Широк сокак… „Предизвикот е голем да се учествува во еден ваков проект. На почеток, кога го прочитав сценариото, да бидам искрен малку се застрамив од тоа – колку малку работи сум знаел за нашиот град. Верувам дека серијалот ќе предизвика голем интерес и ќе придонесе гледачите да научат многу работи за Битола“, изјави Петар Спировски, актер и наратор на играно – документарниот серијал „Градбите на Битола“ кој вчеравечер беше промовиран на БИТ ФЕСТ. Кои се највпечатливите градби на Битола? Која историја ја кријат? Кои биле нивните градители? Некои познати и денес, некои и заборавени…Одговорот на овие прашања заинтересираните ќе имаат можност да го пронајдат и преку телевизиската промоција на серијалот во периодот кој следува.