НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРНИ И ЛИКОВНИ ТВОРБИ ВО РАМКИТЕ НА 51-ВИОТ ДЕТСКИ СЕМАФОР ВО БИТОЛА

НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРНИ И ЛИКОВНИ ТВОРБИ ВО РАМКИТЕ НА 51-ВИОТ ДЕТСКИ СЕМАФОР ВО БИТОЛА

По 51 пат, Битола е домаќин на регионалниот натпревар „Детски семафор 2024″, кој се одржува во организација Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола и Народна техника, со поддршка на Општина Битола.

На свеченоста во Офицерскиот дом беа прогласени победниците и наградените ученици од претходно распишанниот литературен и ликовен конкурс на тема „Сообраќај“, кон крајот на месец февруари. На конкурсот за литературни творби се пријавија 54 ученици, а на ликовниот конкурс 123 ученици, во 3 возрасни категории. Во секоја категорија беа доделени прва, втора и трета награда.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски им ги додели наградите на најуспешните ученици. При тоа, нагласи дека е многу важно да се јакне и применува сообраќајната култура од најмала возраст, со цел да се постигне поголема безбедност за учениците, но и за сите учесници во сообраќајот. На наградените ученици од ликовниот и литературниот конкурс, градоначалникот им посака уште многу успеси на сите полиња и желби да ја надградуваат својата креативност.

Настанот беше збогатен и со изложба од одбрани творби на учениците кои што учествуваа на конкурсот, а наградените ученици ги прочитаа своите литературни творби.