Претставници на „Меѓународниот младински камп – Патоказ кон помирувањето“ 2019 беа во посета на Општина Битола. Во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, младите волонтери од меѓународниот младински камп ги претставија своите програмски активности за време на престојот во Битола.
Градоначалничката Петровска истакна дека општината ги поддржува ваквите меѓународни иницијативи за соработка и дружење, особено што станува збор за млади лица кои не само што го промовираат градот во нивните земји, туку остваруваат соработка и дружба со младите од Битола.
На средбата се разговараше и за можностите за унапредување на соработката и меѓународна промоција на Општина Битола. Ваквите проекти дават можност за поголема меѓународна промоција на Општина Битола, размена на искуства, зголемување на капацитетите за младинска акција, а имаат влијание и врз локалната економија.
Во работата на кампот се вклучени 56 учесници, од кои по 18 претставници од Израел и Германија, а останатите од Битола, поконкретно од ОО на Црвениот Крст Битола, како и ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и економското училиште „Јане Сандански“.