КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

Еврејската заедница во Република Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска и утре, со повеќе активности во Скопје, Штип и Битола ја одбележуваат 74-годишнината од холокаустот на 7.144 македонски Евреи кои ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле истерани од своите домови за потоа да бидат депортирани и убиени во логорот на смртта „Треблинка“. Сеќавањето на депортитаните Евреи во Битола, освен со молитвата што ја одржаа рабинот Матанија од Израел и пасторот Ханс од Германија, беше одбележан и со полагање цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи и бистата на народната хероина Естреја Овадија – Мара, со комеморативен марш по Широк Сокак до железничката станица во Битола и со изложба на тема „Ерусалим ја памети Битола“. За време на денешниот престој во Битола гостите од Израел беа примени и од градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески