ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА

ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА

Министерката за образование Мила Царовска, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска го посетија СОУ „Таки Даскало“, каде што во изминатиот период се работеше на целосно реконструирање на кровната површина. Вкупната инвестиција е 16 милиони денари и обезбедена од Буџетот на МОН. Со овие средства се целосно реконструирани крововите на три училишни објекти, вклучувајќи ја и спортската сала каде е ставена и термоизолација.

“Инвестирањето во образованието е приоритет на секое општество. Квалитетни кадри, светски стандарди и наставни програми кои ги следат современите текови, се основата на развојот на една земја. Нема да запреме со вложувањето во инфраструктурата се додека не ги подобриме условите во училиштата. Инвестирањето во образованието е инвестиција за иднината, за целокупниот општествен развој. Полека, но сигурно обезбедуваме услови за непречено одвивање на наставата на учениците. Се надевам дека во скоро време, повторно ќе се слушне училишното звонче и вревата на учениците. Тоа сите го посакуваме, но во овој период мораме да бидеме свесни за опасностите од Ковид-19. Засега, останува одлуката за учење на далечина за учениците од погорните класови и наставата со физичко присуство за најмалите ученици. Секаде каде што е потребно МОН ќе инвестира, затоа што учениците се иднината на нашата земја” изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

„И во вакви отежнати околности успешно се изведува наставниот процес. Се ова се случува со добра коорперативност на централната и локланата власт. Конкретно, само оваа година од буџетот на Општина Битола се вложени 265.000 евра, а севкупно, по сите основи 685.000 евра. Деновиве училиштата добија трансфер од нови 330.000 евра, по основи на инфраструктурни зафати и зголемувае и подобрување на нагледните средства кои што се користат во образовните институции. За жал, деновиве повторно опозицијата го актуелизира прашањето за исплатата на долговите кон училиштата, но најодговорно тврдам дека 1,8 милиони евра се средства кои што Општина Битола ги даде во училиштата, само по основ на долговите. Тоа е еден дел од вкупната сума од 4,3 милиони евра. Советниците ги имаат извештаите и лесно може да се види дека исплтатата на долговите на училиштата е со удел од буџетот на општината“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

При посетата на СОУ „Таки Даскало“, министерката и градоначалничката беа запознати со практичниот наставен процес во ова училиште, а беа разменети идеи и искуства за натамошно вклучување на овие ученици во одредени компании.

„После долг временски рок, се направени одредени инвестиции во ова училиште. Се изврши промена на кровната конструкција на двете згради и на спортската сала, а со помош на општината, обезбедивме брзи услови за одвивање на он лајн наставата со набавка на 25 компјутери. Моментално се одржува он лајн настава со теоретските предмети, а со физичко присуство по практична настава во училиштето и во битолските фирми. Очекуваме тромесечието да го завршиме успешно, да ги оцениме колку што можеме учениците и да продолжиме до крајот на првото полугодие“, посочи директорот Владо Ѓорѓиевски.