ИЗЛОЖБА 300 РАБОТИ 300

ИЗЛОЖБА 300 РАБОТИ 300

300 РАБОТИ 300 е мотото на вториот ден од фестивалскиот настан  во кафе бар Радост на улица Фуштани во Битола.
На вториот фестивалски ден  организаторите се претставија со сосема поинаков концепт од претходниот, односно за прв пат пред битолчани беше поставена изложбата насловена 300 РАБОТИ 300 и промоција на зборникот Колегиумски записник 002, кој претставува спелт на литературни дела од повеќе публикувани автори и автори дебитанти.  Посетителите имаа прилика да ја посетат изложбата на Илија Талев, Биба Каевич и Зоран М. Таневски.
Третиот фестивалски ден продолжува со доста креативна програма  со летно отворено кино.
Овој настан е поддржан од Општина Битола во програмата на јубилејното битолско културно лето БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015_Radost_2_1 BF2015_Radost_2_2 BF2015_Radost_2_3 BF2015_Radost_2_4 BF2015_Radost_2_5