Почитувани,
Почнувајќи од појавата на пандемијата од КОВИД 19 во Република Северна Македонија, Општина Битола континуирано се залага за спречување на ширењето на коронавирусот и спроведување мерки за заштита на населението.
Во оваа насока, уште еднаш потврдуваме дека, одговорност на организаторите на културните и други јавни настани во Општина Битола, е да ги почитуваат сите пропишани протоколи и мерки за заштита од КОВИД 19, а секое непочитување, доколку постои, да биде истретирано од соодветните инстанци.