Почитувани граѓани,
Согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола на 23.12.2019 година, Ве известуваме дека, денес 31.01.2020 јавниот градски превоз е бесплатен. Информацијата е испратена до медиуми, објавена на веб страната на Општина Битола, а превозниците на автобусите треба да имаат истакнато известување за слободен превоз.