ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА УЧИЛИШТАТА КАДЕ ШТО ПРИСТИГНАА ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА УЧИЛИШТАТА КАДЕ ШТО ПРИСТИГНАА ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети трите основни училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и „Трифун Пановски“, каде што денес пристигнаа дојави за бомби. Од страна на директорите на училиштата, а во соработка со СВР Битола, градоначалникот беше информиран дека, преземени се потребните антитерористички мерки, учениците, наставниот кадар и вработените беа евакуирани, а настава во попладневната смена не се одвиваше.

Градоначалникот Коњановски, апелираше на смиреност во ваквите ситуации и нагласи дека, општината со сите свои ресурси стои на располагање, во сите случаи кога ќе биде потребно дополнително делување. Коњановски, изрази верување, дека конечно ќе се најде начин, со кој ваквите дојави ќе запрат, со цел непречено одвивање на наставата во училиштата.