БРИТАНСКИОТ ЗАМЕНИК АМБАСАДОР ЕДВАРДС ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

БРИТАНСКИОТ ЗАМЕНИК АМБАСАДОР ЕДВАРДС ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Заменик амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Пол Едвардс, денеска престојуваше во посета на Општина Битола каде оствари средба со градоначалникот на оваа општина, д-р Владимир Талески.
Република Македонија се вбројува во една од ретките држави во светот која го слави делото на Вилијам Шекспир, a општина Битола е домаќин и организатор на интернационалниот театарски „Битола Шекспир фестивал“ на кој учествуваат националните театари од Кина, Русија, САД, Србија, Финска и други реномирани театри кои го негуваат делото на Шекспир. Токму во оваа насока и на денешната средба, градоначалникот Талески и амбасадорот Едвардс разговараа за идната соработка на културно поле, а особено акцентот беше ставен на соработката во рамките на следниот „Битола Шекспир фестивал“ кој ќе се одржи ова лето како дел од програмата на Битолското културно лето „Бит фест 2016“.

BritanskiZamAmbasador2016-1 BritanskiZamAmbasador2016-2 BritanskiZamAmbasador2016-3 BritanskiZamAmbasador2016-4