ОБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ 45 ГОДИНИ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА БИТОЛСКИ ВЕСНИК

ОБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ 45 ГОДИНИ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА БИТОЛСКИ ВЕСНИК

 

   По повод 45 години од излегувањето на Битолски весник, најстариот и единствен локален весник во Македонија, се одржа свечена академија на која беа доделени  две плакети. Првата плакета за Градоначалникот Талески за долгогодишната  соработка и афирмација на Битолски весник, а втората за единствениот жив член на првата редакција на весникот Димитар Димитровски Такец.
Градоначалникот Талески им го честита големиот јубилеј на вработените на Битолски весник и им посака сите заедно да го дочекаме 50 годишниот јубилеј, а дотогаш сите заедно да го одржуваме овој битолски бренд.