По повод 45 години од излегувањето на Битолски весник, најстариот и единствен локален весник во Македонија, се одржа свечена академија на која беа доделени две плакети. Првата плакета за Градоначалникот Талески за долгогодишната соработка и афирмација на Битолски весник, а втората за единствениот жив член на првата редакција на весникот Димитар Димитровски Такец.
Градоначалникот Талески им го честита големиот јубилеј на вработените на Битолски весник и им посака сите заедно да го дочекаме 50 годишниот јубилеј, а дотогаш сите заедно да го одржуваме овој битолски бренд.