ПОСТАПКА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија се спроведува согласно Законот за градежно земјиште со електронско јавно наддавање врз основа на Програма за работа со градежно земјиште со која се дефинира менаџирање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија што се наоѓа на територијата на Општина Битола и претходно дадена објава во два дневни весници кои се издаваат на македонски јазик, еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните и во Службен весник на РМ.
Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија согласно со закон кои ги исполнуваат условите дадени во објавата односно физички лица државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европска унија и на ОЕЦД, а под услови на реципрцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија и правни лица :домашно правно лице ,правно лице во мешовита сопственост,правно лице основано од странско физичко и правно лице регистрирани во Централниот регистар на РМ,странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД ,како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европска унија и на ОЕЦД,а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.
Заинтересираните домашни и странски физички и правни лица поднесуваат ПРИЈАВА за учество на јавното наддавање по електронски пат.
Во пријавата се наведуваат податоците за која парцела се однесува самата пријава, за поднесителот на пријавата и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази приложени по електронски пат (за секоја градежна парцела се поднесува посебна пријава комплетирана со потребните докази):
1. Доказ за платен депозит ;
2. За физички лица уверение за државјанство;
3. За правни лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
4. Уредно полномошно за полномошникот што го представува правното лице,односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице;
5. е-mail адреса на поднесителот на пријавата ,преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за поднесителите на пријави кои ќе достават погрешна е-mail адреса , Општина Битола ќе нема обврска да прима и врши корекција на истата).
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.
Подносителите на пријави потребно е да достават по електронски пат и фотокопија од лична трансакциска сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавното наддавање и задолжително телефонски број за контакт.
Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела изнесува 10% од вкупната почетна цена за секоја градежната парцела посебно.
Депозитот се враќа во целост на поднесителот на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства.
Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат по електронски пат на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното наддавање се одржува електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронскот јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничко име и шифра која ја добиле на е-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.
Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање за секоја градежна парцела посебно.
Електронското јавно наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Битола.
Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Наддавањето се врши „чекорно“со зголемување на вредноста со секој „чекор“
Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Учесникот на јавниото наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач
Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач има обврска да ги уплати средствата во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор и до комисијата да достави доказ за извршената уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање. Доколку најповолниот понудувач ги уплати сретствата, а не ја достави документацијата потребна за учество на јавното надавање, односно достави документација врз основа на која не може да се склучи договор, уплатените средствата за оттуѓување градежното земјиште на најповолниот понудувач не му се враќаат
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е оттуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за оттуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени ,а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
По доставување на доказот за извршената уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното надавање во утврдениот рок, Градоначалникот на Општина Битола склучува договор со најповолниот понудувач за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Со Договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена истиот да го достави кај Нотар заради солемнизација. Со Договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена по давањето односно не давањето на мислењето од Државното правобранителство на Република Македонија да изврши солемнизација на договорот за оттуѓување кај Нотар во спротивно договорот еднострано ќе се раскине и 80% од вкупната сума од оттуѓувањето нема да се вратат на купувачот.
Со Договорот најповолниот понудувач се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 да прибави одобрение за градење на предвидениот објект согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено од надлежниот орган и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кое истото е отуѓено во рок од 2 (две) години од добивањето на правосилно одобрение за градење на објекти со бруто изградена површина до 1000 м2 согласно добиеното одобрение за градење, односно во рок од 4 (четири) години од добивањето на правосилното одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2 согласно добиеното одобрение за градење.
Доколку во утврдениот рок не се прибави одобрение за градење или објектот не се изгради по вина на Купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна за непочитување на роковите во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот,односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.Неисполнувањето на овие обврски, односно по паѓање на купувачот во задоцнување со исполнувањето на обврската три месеци последователно, преставува основ отуѓувачот, по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од оттуѓувањето не му се враќаат на купувачот.
Обврска е на купувачот да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.
Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
Трошоци за нотарската процедура и воведувањето во евиденција на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисија во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање по приговор со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.
Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица пред исполнувањето на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на рети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности
Против решението донесено од страна на Комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.