Постапка за засновање на службеност врз градежно земјиште

Постапка за засновање на службеност врз градежно земјиште

ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ ПРАВО НА СТВАРНА СЛУЖБЕНОСТ ВРЗ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

 

Лицето кое е носител на правото на градење на објект од јавен интерес утврден со закон, може да заснова право на стварна службеност на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

 

Кон барањето се поднесуваат следниве прилози:

– доказ за регистрација, доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

– извод од урбанистички план, урбанистичка планска документација или проект за инфраструктура за линиски водови во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање,

– геодетски елаборат за нумерички податоци изработен согласно со проектот за инфраструктура.

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и

– доказ за платена административна такса 300 денари.

уплатница