Отстранување на оштетените возила и возила во дефект

Отстранување на оштетените возила и возила во дефект

ПРОЦЕДУРА

За добивање на лиценцата за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општината Битола

Потребна документација

За издавање на лиценца и извод од лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Кон барањето се доставува следната документација:

1. Извод од тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар од Централен регистар на Република Македонија во оригинал (не постар од шест месеци) со соодветна приоритетна дејност.

2. Доказ за сопственост на едно или повеќе регистрирани возила за отстранување на оштетени возила и возила во дефект:
– Фотокопија заверена на нотар од собраќајни дозволи на возилата регистрирани на име на правното лице или
– Договор за лизинг (оригинал или копија заверана на нотар),

3. Доказ дека има вработено во редовен работен однос, минимум еден возач по возило со:
– Список на вработени по обврзник од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Република Македонија во оригинал (не постар од 60 дена) или
– Преглед на пријави/одјави во задолжителното социјално осигурување за деловен субјект издаден од Агенцијата за вработување на Република Македонија во оригинал (не постар од 60 дена)

4. Важечко уверение за положен курс за давање на итна медицинска помош за секој возач

5. Ценовник утврден од правното лице кое поседува лиценца за потоа согласност да даде Советот на Општината

6. Број на моторни возила со кој ке се врши дејноста

7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ

Постапка за издавање на лиценцата за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општината Битола

Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и во рок од 30 дена со комплетирана документација се издава лиценца и извод од лиценца.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.

Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 1 во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на известувањето да се докомплетира документацијата. Доколку барателот не ја докомплетира документацијата во дадениот орган надлежниот орган на Општина испраќа известување 2 во рок од 20 (дваесет) дена да се докомплетира документацијата.

Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект на територијата на Општина Битола

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на лиценца,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект на територијата на Општина Битола

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 30 дена да издаде лиценца.

Барање

Уплатница за административни такси 1

Уплатница за административни такси 2

Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај

тел: 047 208 305

е-mail: valentina.stefoska@gmail.com