Дозвола за вонреден превоз на општинските патишта

Дозвола за вонреден превоз на општинските патишта

ПРОЦЕДУРА

за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола

Потребна документација

За издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Барањето ги содржи следните податоци:

1.      Податоци за  подносителот на барањето

2.      Податоци за општинските патишта и улици кои ќе се користат

3.      Периодот за нивно користење

4.      Целта на користење и податоци за возилото

5.      Согласност издадена од Министерството за Внатрешни работи

6.     АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ

Постапка за издавање на дозвола вршење на  вонреден превоз  на општинските патишта:

Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и надлежниот орган на општината во рок од 15 дена со комплетирана документација до барателот доставува Заклучок за плаќање на надоместок за издавање дозвола вршење на  вонреден превоз  на општинските патишта

Барателот е должен во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да изврши уплата на надоместок за издавање на дозвола за дозвола вршење на  вонреден превоз  на општинските патишта и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

За издадената дозвола за вонреден превоз на општинските патишта и улици се наплаќа надоместок во висина од 1.000,00 денари за секој тон надминато оскино оптоварување по должен километар.

Ако за вршење на вонредниот превоз е потребно да се преземат мерки за обезбедување, потпирање и зајакнување на објектите на патот и слично, трошоците во врска со превземањето на тие мерки ги поднесува превозникот.

Превозникот ги сноси сите трошоците за настанатите оштетувања на патот и објектите на патот од вонредниот превоз.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.

Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.

Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а МВР-СВР Битола не даде согласнот за вршење вондреден превоз на патиштата на Општина Битола органот на општината задолжен за издавање дозвола за вондреден превоз на територијата на Општина Битола на подносителот му издава решение за одбивање.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на дозвола,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 (три) работни дена ќе изготви и достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола согласно член 7 од Одлуката за утврдување на висината на на надеместокот за обезбедување на финансиска средства за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските шатишта и улици на подрачјето  Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.10/05).

Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не ја плати висината на надоместокот  и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

Дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за дозвола за прекумерно користење  на општинските патишта во Општина Битола.

Барање
Уплатница за административни такси 1

Уплатница за административни такси 2

Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај

тел: 047 208 305

е-mail: valentina.stefoska@gmail.com