ОПШТИНА БИТОЛА
Врз основа на Одлуката за формирање на тело за одлучување за распределбата и трошењето на финансиските средства кои се предвидени во Буџетот за 2017 година за преземање на мерки за заштита на животната средина и подобрување на амбиенталниот воздух на подрачјето на општина Битола бр.09-03/5 од 30.01.2017 година, (,,Службен гласник на општината Битола“ бр.1/2017), Општина Битола објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето
на Општина Битола за купување на системи и печки на пелети за 2017 година
- Опис на јавниот повик
1.1. Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средствата, за печки и системи на пелети купени по денот на објавување на овој јавен повик, се’ до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.
1.2. Средствата што ќе ги надоместува општина Битола се во износ од 20.000 денари.
1.3. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола, во печатени и електронски медиуми.
Повикот трае од денот на објавувањето до 03.04.2017 година.
За времетраењето на повикот, најмалку двапати ќе има повторно известување на јавноста преку електронските медиуми.
1.4. Услов за учество во јавниот повик е купувачот да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Македонија.
- Начин на пријавување на јавниот повик
2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Битола, кои ќе купат печка и системи на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок. На јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.
2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, барателот до општина Битола ги доставува следните документи:
– Пополнет образец за барање, кој содржи и изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за купување печка и системи на пелети, на друг јавен повик од било кој извор во Република Македонија. Барањето може да се подигне во архивата на општина Битола или да се обезбеди од интернет страницата на Градот:www.bitola.gov.mk.
– Доказ за жителство во Општина Битола, со доставување фотокопија на личната карта на барателот со адресата на живеење (објектот каде е лоцирана печката на пелети).
– Копија од трансакциска сметка
- Доказ во оригинал дека е извршено купување на печка или систем на пелети, и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на повикот.
2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.
2.4. Купувачот на печка или систем на пелети своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Општина Битола бул. Први Мај бр.61, во архивата на општината, секој работен дн од 08:00 до 16:00 часот најдоцна до 03.04.2017 година.
2.5. На пликот треба да стои: Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување печки и системи на пелети за 2017 година, како и името и презимето и адресата на барателот.
- Начин на спроведување на јавниот повик
3.1. За доделените средства јавноста ќе биде известена преку јавните гласила. Телото формирано со Одлука на Советот на општина Битола бр.09-03/5 од 30.01.2017, ќе состави листа на доделени средства за купување на печки и системи на пелети и истата ќе ја предложи до Градоначалникот.
3.2. Бројот на корисници-лица кои ќе добијат средства е ограничен до висина на определениот износ од Буџетот на општина Битола од 6.000.000,оо денари.
3.3. Приоритет при исплатата ќе имаат граѓаните според датумот на поднесено комплетно барање.
- Начин на остварување на правото на надоместок
4.1. Градоначалникот на Општина Битола ќе донесе решение за исплата на средства во износ од 20.000 денари, на граѓаните на општина Битола, од средствата предвидени за купување на печки и системи на пелети, доколку утврди дека се исполнети условите од овој јавен повик.
Бр. 09-17/1 03.03.2017 год. Б и т о л а