Работа која носи подобро! Под ова мото, може да се сублимираат резултатите од работата на локалната самоуправа во Општина Битола за периодот 2013 -2017 година. Наместо предвидените 135 проект, реализирани се над 500 проекти. Еден од тие проекти е проектот кој предвидуваше изградба и реконструкција на над 100 улици: „Тие 100 улици, не останаа 100, туку се 167, во вкупна должина од 66 км, кои имаат вредност 447 274 317,00 денари, изградени и реконструирани се 62 водоводи во должина од 11 583 метри, 73 канализации со должина од 19 343 метри, со вкупна вредност од 808 430, 00 евра за водовод и вкупна вредност за канализации 2 692 682,3 евра. Во континуитет работевме и со Владата на Република Македонија и направивме повеќе локални патишта. Реконструкции извршивме и на улиците: Питу Гули, Довлеџик, Марко Цепенков, Булевар 1 ви мај, ул.Димитар Робев и М.А Дончо, Апостол Здравевски, Кузман Јосифовски Питу, 8 краци во Долно Оризари и на други места“, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески. Локалната самоуправа на почетокот од својата работа зацрта три клучни точки во кои беше неопходно да се инвестира, и тоа: инфраструктура, невработеност, подобрување на условите за живот. Но, не само во овие области локалната самоуправа следејќи го континуитетот на својата работа инвестираше во повеќе области: „Нашата ИЗ Жабени е проектирана за капацитети кои можат да прифатат 5000 работници. Но, Кромберг и Шуберт во моментот има над 4000 вработени, а деновиве потпишав нивно барање за проширување на капацитетите и вработување на 2000 граѓани. Вкупно 6000 само во Кромберг и Шуберт. Инвестициите на Општина Битола во ИЗ Жабени се над 4 милиони евра “, додаде градоначалникот Талески. Друг значаен проект е проектот за поранешната касарна. Инвестицијата во тој дел е околу 3,5 милиони евра, што значи инвестиција за подобрување на условите за инвеститорите кои во тој дел градат свои објекти. „Општина Битола најде начин и во моментот сме во изградба на северната трибина на стадионот во Битола. Сумата која што е обезбедена за овој проект е 5 400 000 евра. Направивме реконструкција на спортската сала „Младост“. Се зафативме со целосна изградба на киното „Манаки“. Во делот на реконструкциите изградивме нов мост со кружен тек на „Црн мост“, а реконструирани се и другите мостови согласно потребите. Изградивме нов старски дом, според европски стандарди“, додаде градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески. Во својот денешен отчет градоначалникот ги спомена и другите значајни проекти кои се однесуваат на реконструкција на 14 училишни згради во општината, интервенирано е во училишните спортски сали, извршена е изградба на игралишта во руралните места, поставување на 118 автобуски стојалишта во урбаниот и руралниот дел. Извршена е реконструкција и на дел од градскиот пазар, а исто така изградени се и нови детски градинки. Градоначалникот потсети и на постигнатите успеси во областа на културата, особено ставајќи акцент на членството на Битола во мрежата на креативни градови во областа филм во УНЕСКО. Поддршката на спортските клубови во општината е уште една потврда за ангажманот на локалната самоуправа во развојот на спортот во општината. И уште многу други проекти кои ја претставуваат работата која носи подобро. Отчетите на градоначалникот на Општина Битола за работата во периодот 2005 – 2017 и 2013 – 2017 се поставени на веб страницата www.bitola.gov.mk.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор